Пацоли бара објаснување: Зошто негови службеници биле на барикадите во Зубин Поток?

Mesto: Priština Datum: 30.03.2011 Dogadjaj: POLITIKA - intervju predsednika Kosova Bedžeta Pacolija novinskoj agenciji AP (Associated Press) povodom odluke Ustavnog suda Kosova o neustavnosti njegovog izbora Licnosti: Behgjet Pacolli

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли побара објаснување од Мисијата на Обединетите нации во Косово – УНМИК, како се случило нејзини службеници да се инволвирани во протестите на локалните Срби во Зубин Поток за време на полициската акција за апсење на осомничени за организиран криминал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пацоли преку објава на Фејсбук информира дека синоќа го повикал УНМИК и побарал информација за тоа зошто еден меѓународен службеник, руски државјанин, заедно со еден косовски државјанин од српска националност, вработен во мисијата, се наоѓале на барикадите поставени од косовските Срби во обид да ја спречат операцијата на специјалната полиција во северно Косово.

Шефот на косовската дипломатија вели дека неговото министерство „ќе го истретира предметот согласно меѓународното право“.

Косовската полиција, во текот на својата операција во северно Косово, денеска уапси еден меѓународен службеник на на УНМИК (руски државјанин) и еден локален службеник на УНМИК. Министерството за надворешни работи на Република Косово ќе го истретира предметот согласно меѓународното право. Полицијата на Косово го запозна МНР со деталите на настанот. МНР го повика УНМИК за објаснувања и ќе продолжи да соработува со надлежните авторитети за спроведување на законот со цел расветлување на околностите на присуството на меѓународниот и локалниот службеник на УНМИК на барикадата, објави синоќа Пацоли.

 

УНМИК вчера изрази вознемиреност поради апсењето на своите двајца службеници и побара нивно итно ослободување, најавувајќи „дипломатски и меѓународни мерки“.

Медиумите во Приштина објавија дека во акцијата во Зубин Поток се упасени Русинот Михаил Красночеков и Србинот Дејан Димовиќ, кои со возило на Мисијата на ОН биле на барикада во Зубин поток, во намера да ја спречат полицијата да ги однесе пред истражните органи уапсените припадници на полицијата, етнички Срби, осомничени за учество во организиран криминал, корупција, злоупотреба на службената должност и други кривични дела.

На апсењето на Красночеков вчера реагираше и амбасадата на Русија во Белград, која побара итно ослободување на нејзиниот државјанин и одговорност од лицата кои го извршиле „флагрантниот инцидент“.

Косовските медиуми подоцна синоќа објавија дека, по распитот од страна на истражните органи, Красночеков, кој бил повреден при судирот на протестантите со косовските специјалци, е пуштен на слобода.

Во вчерашната акција на специјалните единици Росу, според извори од косовската полиција, се уапсени 19 полициски службеници и деветмина цивили, од албанска, српска и бошњачка националност. (МИА)