Пад на бројките на заразени и починати од коронавирусот во Франција и Италија

Во Франција и во Италија во саботата на дневно ниво забележани се пониски бројки за новозаразени и починати лица од коронавирусот, па така Франција го забележа најнискиот број починати од почетокот на април.

Во Франција последните 24 часа починале 80 лица, па сега вкупно во земјата има 26.310 жртви на респираторната болест Covid-19. Со 176.000 заразени земјата е шеста држава во светот според овој показател, а петта според бројот на починатите.

Според министерството за здравство, од почетокот на епидемијата во Франција биле хоспитализирание 95.829 пациенти, Од нив 56.038 лица се отпуштени дома откако оздравеле, а „десетици илјади лица се излекувале“ без хоспитализација. Во моментов во француските болници има 22.614 заболени, од кои 2.812 со тешки форми на болеста се згрижени на одделите за интензивна нега.

Италија истовремено извести дела во последното деноноќие регистрирала пад на дневните бројки на заболените и починатите. Починале 194 лиѓе, а новозаразени има 1.083. Италија со 30.395 смртни исходи од почетокот на епидемијата е третата според бријот на починатите, зад САД и Британија, како и со 218.268 според бројот на заразените зад САД и Шпанија.