Пад на буџетските приходи и до 30 отсто за првите пет месеци

Катастрофален пад на буџетските приходи бележи Македонија, а министерката за финансии Нина Ангеловска денеска информираше дека има голем пад од речиси 30 отсто од приходите во државната каса.

Ангеловска потврди дека заклучно со мај, остварувањето на буџетските приходи изнесува 12,7 милијарди денари што е пад од 24 отсто споредено со истиот период лани, а даночните приходи се 6,5 милијарди денари што е намалување од 28 отсто. Придонесите се реализирани со пет милијарди денари, што е речиси исто на исто ниво како минатата година.

„Реализацијата на даночните приходи според нашето сценарио кое предвидуваше намалување од 31 отсто, е 28отсто“, напомена Ангеловска.