Пад на цените на нафтата

Цената на нафтата на светските берзи денеска забележа пад поради стравувањата на трговците дека агресивниот одговор на централните банки на инфлацијата и на зголемувањето на каматните стапки ќе ја ослабат светската економија и побарувачката на гориво.

На берзата во Лондон барел нафта за испорака во октомври се тргуваше за 101,19 долари, што е намалување за 3,9 долари во однос вчерашната цена.

Додека за нафтата што треба да биде испорачана во ноември, цената на барелот беше пониска за 3,24 отсто и изнесуваше 99,59 долари.

На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 2,89 долари односно за  94,12 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.