10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Пад на прометот во индустрија во август 2019 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 93.4 или пад од 6.6%, велат од Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар кај Интермедијарните производи во август 2019 година, во однос на август 2018 година, забележува позначаен пад од 18,2%. Притоа, овие производи кои најчесто се инпути за понатамошно производство, што упатува на очекуван пад на индустриското производство во следниот период, потенцираат од Комисијата и додаваат:

„Анализирано по индустриски гранки, пад забележува како преработувачката индустрија така и рударството. Притоа, падот е на широка основа, односно прометот во повеќето индустриски гранки забележува пад. Сето ова укажува дека растот на индустриското производство во месеците јули и август е нереален, односно се должи на производството кај една поголема компанија во секторот за производство за електрична енергија“.