Пад на температурата, дожд и грмежи од понеделник

Утре, (недела) во попладневните часови ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и ноќта кон понеделник локален пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидромеоролошки работи(УХМР).

Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Во западните делови на некои места можни се поинтензивни врнежи. Ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени која ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.

Од вторник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.