Пад на вредноста на акциите на Епл за 2,6 отсто, компанијата за еден ден загуби 34 милијарди долари

17

Акциите на Епл во текот на вчерашниот ден од тргувањето во еден момент паднале за 2,6 отсто, што веднаш избришало 34 милиајрди долари од пазарната вредност на американската технолошка компанија и со тоа индексите на Вол Стрит автоматски ги повлече надолу, соопшти порталот Си-Ен-Ен Бизнис.

На затворањето на берзата, акциите на Епл беа заклучени со минус од 1,8 отсто во однос на претходниот ден.

На овој драматичен пад влијаело предупредувањето на Епл дека не очекува дека ќе го оствари планираниот квартален приход заради забавувањето на производството и намалената побарувачка во Кина, каде компанијата ги затвори сите свои продавници заради епидемијата на коронавирусот.

Според првичните планови, „најтешката“ компанија во САД, чија пазарна вреденост изнесува 1,4 билиони долари, очекуваше во својот втор фискален квартал да оствари нето продажба меѓу 63 и 67 милијарди долари.

По соопштението на Епл, индустрискиот индекс Дау Џонс падна трет ден по ред бидејќи инвеститорите се повлекоа за да ги разгледаат предупредувањата на технолошкиот див, пренесе Си-Ен-Би-Си.

Вредноста на индексот Дау Џонс за вчерашното затворање на берзата падна за 165,89 поени или 0,6 отсто, на 29.232.19 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.