Падна договор за евакуација на ранетите украински војници од фабриката Азовстал

Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска е постигнат договор за евакуација на ранетите украински војници од фабриката за челик Азовстал, наведува Ројтерс, повикуваќи се на извори од Министерството за одбрана на Русија.

Оттаму тврдат дека е почната евакуација на ранетите украински војници и за таа цел е формиран и хуманитарен коридор.

„На сила е прекин на огнот во областа на фабриката и отворен е хуманитарен коридор за транспорт на ранети украински војници во медицинска установа во Новоазовск во Доњецката Народна Република. Како резултат на разговорите со претставниците на украинските војници блокирани во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, постигнат е договор за евакуација на повредените“, соопшти Министерството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.