Падна кран врз џамија во Мека, најмалку 87 загинаа (ВИДЕО)

Падна кран врз џамија во Мека, најмалку 87 загинаа
Падна кран врз џамија во Мека, најмалку 87 загинаа

Најмалку 87 лица загинаа при уривање на кран во најголемата џамија на светот Ал-Харам во Мека, јавија саудиските власти за цивилна заштита.

Бројот на жртви во инцидентто во Мека веќе достогна 87 лица, а 183 се повредени, соопшти началникот на саудиската цивилна заштита.

Телевизијата „Ал Арабија“ соопшти дека најголем дел од жртвите се аџии, кои биле на аџилак во исламското светилиште, пренесува ТАСС.

Според првичните информации причина за уривање на кранот во Мека биле силните ветрови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.