Падна владата на Албин Курти 

265

Со мнозинство гласови во косовскиот парламент во средата доцна вечерта беше изгласана недоверба на владата на Албин Курти, што сигурно ќе доведе до политичка криза додека властите во Приштина прават обиди да се справат со епидемијата од коронавирусот.

За недоверба на владата предводена до движењето Самоопределување гласале 82 пратеници, 32 биле против а двајца биле воздржани, во парламентот со 120 мандати.

Барањето за гласање недоверба на владата на Кури, ја покрена Демократскиот сојуз на Косово (LDK), дел од досега владејачката калиција, на Иса Мустафа. Но против падот на владата гласале и тројца пратеници на оваа партија.

Владата на Албин Курти е соборена по само 50 дена на влааст, и ова е најкусиот мандат на една влада во Приштина, од едностраното прогласување на независноста во 2008 година.

Во овој момент нејасно е како владата ќе продолжи да функционира, имајќи предвид дека избори не може да бидат спроведени додека трае епидемијата од короанвирусот.

На Албин Курти, како лидер на националистичката партија Самопределување (VV), кој ја презема должноста премиер пред само седум седмици, и на лидерот на партијата од левиот центар Демократски сојуз на Косово (LDK), Иса Мустафа, им беа потребни четири месеци по откомвриските избор за да ја договорат коалицијата.

Односите меѓу двете партии беа лоши од почетокот, а појавата на коронавирусот само ги влоши. Очиглено ненадминливиот јаз се појави пред една седмица кога Курти го одби претлогот на косовскиот претеседател Хашим Тачи да се прогласи вонредна состојба поради епидемијата. Демократската партија (PDK) на Тачи ја има третата најбројна пратеничка група во парламентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.