Паднаа оставки во здравство, Софијанова и Васев не се веќе директори

-Информираме дека по барање на Министерот за здравство, денес до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев, соопштија од ресорното министерство.

-Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, додаваат од МЗ.