Паднал договор ДУИ- СДСМ: Ослободување на Заев за „Поткуп“ за сметка на ослободување на терористите од „Диво Насеље“ и „Монструм“

Заев

Се разјаснува паднатиот договор меѓу СДСМ и ДУИ? Прифаќањето на албанската платформа од Тирана претставува само еден дел од договорот помеѓу СДСМ и ДУИ со кој Зоран Заев ги добил потребните потписите за добивање на мандатот, велат добро упатени извори од албанскиот етнички кампус, објавува порталот „Журнал“.

Според нив, двојазичноста во целата држава и бинационалниот изглед на сите национални обележја биле само дел од паднатиот договор за добивање на потписите за Заев да стане мандатар. Се погласни се гласините меѓу албанците дека одредени албански политичари информирале дека паралелно со платформата било договорено и ослободување за двете страни односно ослободување на Зоран Заев во случајот поткуп за сметка на ослободување на терористите од Диво Насеље во Куманово  и Монструм случај во кој беа убиени 4 деца и еден повозрасен цивил.

Тоа според извори од албанскиот политички блок претставувало голем успех за албанците од причина што ќе се ослободеле осудените и осомничените терористи и тоа би претставувало уште една победа на албанците во државава. Како што велат неофицијалните информации од добро упатени извори, на преговорите без некоја значајна дискусија било прифатено ова барање од страна на СДСМ со единствено барање на сметка за тоа албанците да прифатат и ослободување на лидерот на СДСМ во случајот поткуп, каде Заев според снимките објавени во јавноста со товари за барање поткуп со веќе познатиот принцип Едно евро за Вицето за вкупна сума од 200 илјади евра.

Леснотијата на прифаќањето на ова барање за ослободување на терористите била со изненадување прифатена од албанските политичари кои иако го поставиле ова барање сметале дека тоа многу тешко ќе биде прифатено од страна на СДСМ. Но наспроти тоа истото било веднаш прифатено со образложение дека ќе бидат разрешени сите судии и обвинители во државата и на нивно место ќе се именуваат судии и обвинители кои ќе работат како што ќе им биде кажано, по што за едниот случај ќе се барало повторување на постапката а за другиот случај ќе се решавало во тек на постапката.

После ова образложение од СДСМ, според неофицијални информации, веќе се прават листи на осуденици и осомничени кои треба да бидат ослободени според партиски договор, а не според судски одлуки и закон?!?!

Дали оваа шокирачка информација е причина за криењето на договорот од страна на СДСМ што е постигнат за добивање на потписите за мандатар останува да се види. Премногу е симптоматично  тоа што овие неофицијални информации може да се поткрепат и со многу факти и случувања во изминатиов период.

Јавноста се сеќава дека веднаш после терористичкиот напад во Диво Насеље каде припадници на македонските вооружени сили беа убиени од терористичката група, лидерот на СДСМ отиде да се слика со албанците токму во оваа населба. Јавноста исто така се сеќава и на големиот број настапи на СДСМ а поврзани со случајот Монструм односно масакрот кај Смилковското езеро кога најбрутално беа убиени недолжни македонски граѓани како и на јавно даденото ветување на СДСМ дека ќе направи чистка во судскиот систем односно ќе именува нови судии и обвинители. Дали е ова вистинската причина за криење на паднатиот договор?!