ФОТО: Од небо им паднале 11 кила марихуана

На еден брачен пар буквално од небо им паднале 11 кила марихуана. Брачната двојка вечерта се разбудила поради силен удар, а утредента откриле дека има дупка на покривот од нивната гаража и околу 11 кила марихуана во она што порано било куќичка за куче, пренесува „Раша тудеј“.

Маја и Бил донели се разбудиле на 8-ми септември поради силент удар, но мислеле дека е гром па си легнале да спијат.

Утрото кога Маја го видела нередот мислела дека за тоа е виновен нивниот германско овчар Хулк. Кога погледнала подобро ја забележала дупката на покривот и куќичката за кучиња која била во целост оштетена од сомнителниот предмет што паднал во неа.

Од небо им паднале 11 кила марихуана
Од небо им паднале 11 кила марихуана

Инаку, Маја и Бил живеат во Аризона, во близина на границата со Мексико, па затоа веднаш се посомневале дека би можело да станува збор за дрога и повикале полиција.

Според полицијата, најверојатно се работи за дел од дрогата што била пренесувана со мал авион од Мексико до Аризона и дека најверојатно по грешка била исфрлена во нивниот двор.

Пакетот содржел 10, 8 кила марихуана и се проценува дека вреди околу 9.500 долари.

Шефот на полицијата во Ногалес, Аризона, Дерек Арнсон и шерифот Антонио Естрада велат дека е вообичаено криумчарите на дрога да користат ултралесни летала за пренесување два до три пакети без да сопрат и само да ги исфрлат, но досега не им се случило тоа да го направат врз нечиј дом.

Со други зборови ова е прв пат од небо да падне прокриумчарената дрога во нечиј двор, иако криумчарите често се инвентивни, па користат и катапулти за да ја префрлат дрогата на американско тло.