Паднале два авиони во Швајцарија, 24 загинати

Два мали авиони се урнале вчера во Шварцарија во рок од само неколку часа, при што загинале 24 лица, јавуваат тамошните медиуми.

Дваесет лица загинале кога над Алпите се урнал стар едномоторен авион „јункер ЈУ-52 ХБ-ХОТ“ на компанијата „Ју Ер“, кој превезува туристи. Локалните медиуми јавуваат дека во авионот имало 17 патници и три члена на екипажот и оти никој не го преживеал падот.

Авионот се урнал на западната страна на планината Пиц Сегнас во кантонот Граубунден.
Авионот летал од Луцерн кон Цирих, а остатоците од авионот се на 2.450 метри надморска височина и од три страни е опколена со врвови па пристапот до местотое отежнат. Не се познати причините за несреќата.

Неколку часа претходно настрада четиричлено семејство кога мал авион се урнал во шума во централниот дел на Швајцарија, соопшти полицијата на кантонот Нидвалден.
Авионот летал кон Франција и паднал во близина на граот Хергисвил, а во падот заинале сопручици и нивните две деца.
Пред доаѓањето на спасувачките екипи властите морале да испратат хеликоптер за да се изгасне пожарот кој избувнал по несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.