Падот на германскиот извоз во март најголем од обединувањето во 1990-та

Германскиот извоз во март годинава потонал најсилно од историското обединување во 1990 година, откако е започнато со бележењето на податоците за обединетата земја, објави во петокот германското биро за статистика Destatis.

Извозот на најголемата европска економија во март потонала дури за 11,8 отсто на месечно ниво, покажаа најновите податоци на статистичарите.

Остриот пад на извозот следеше по три последователни месеци раст, а е последица на остриот пад на глобалното тргување поврзано со ширењето на пандемијата коронавирусот во светот. Во февруари е забележан раст за 1,2 отсто во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците на Destatis.

Аналитичарите во просек за март предивудаа 5-процентен пад, потсетува агенцијата DPA.

На годишно ниво извозот потонал дури за 7,9 отсто, погоден од падот на побарувачката од најголемите германски трговски партнери во еврозоната кој изнесува дури 14 отсто.

Увозот, пак, е намален за 4,5 отсто во однос на ланскиот март, при што само од Велика Британија е намален за 14,6 отсто.

Во ваквите околности, трговскиот суфиците во германскиот надворешнотрговски биланс во март е намален за 22 отсто, на 17,4 милијарди евра. Во февруари изнесувал 20,6 милијарди евра.