12.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Пак падна националната платформа за онлајн-учење

И денеска падна националната платформа за онлајн-учење уште пред вклучувањето на сите ученици. Пред 10 часот платформата покажува ерор, што значи дека се уште не може да го издржи наглото оптоварување.

И вчера се појави истиот проблем. Од Министерството за ообразование и наука (МОН) вчера соопштија дека се прават постојани тестирања кои ќе продолжат и во наредните денови откако падна системот и платформата www.schools.mk.

Тестирањето продолжува и во текот на денешниот ден. Како резултат на истото, посочуваме дека е возможно повремено да добивате порака за грешка при поврзување со базата (error database connection), што е очекувано во предметната фаза на тестирање, велат од МОН и додаваат:

„Овој процес ќе помогне не само за успешно ставање на Платформата во функција, туку и ќе поддржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамки на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование.

Нашата крајна цел е не само да овозможиме континуитет на образовниот процес во вонредни околности, како што е тековниот со пандемијата со Ковид-19, туку да создадеме солидни темели за понатамошно унапредување на квалитетот на целокупниот образовен процес во земјата“.

Тие ги охрабруваат учениците да продолжат со поврзување на Националната платформа за учење на далечина и во наредните денови, и редовно да ги следите новите содржини кои ги поставуваат на главната страница (www.schools.mk).

Платформата треба да ја користат околу 250.000 ученици и 25 000 наставници на пет наставни јазици. МОН ја креираше во соработка со ФИНКИ и со помош на комората за ИТ-технологии – МАСИТ.