Пак се одложи судењето за усмртениот пешак – сведоците на настанот не се појавија на суд

Сведоците не дојдоа на суд, па тоа беше причина повторно да одложи судењето за несреќата која се случи на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, пред повеќе од 10 месеци.

На 8-ми февруари започна судењето против Гордана Филиповиќ. Таа го управуваше возилото кое го усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски.

Денешното рочиште требаше да започне со исказ на сведоците на трагедијата, но тие не беа присутни. Беше посочено дека судот нема добиено повратна информација дали сведоците уредно биле повикани денес да дојдат на суд.

Следното рочиште е закажано за на 10-ти април.

Тогаш, освен сослушување на сведоците ако се појават, ќе се приложуваат снимките од местото на трагедијата и ќе се сослушаат вештаците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.