Пакерман ја напушта клупата на Колумбија

Аргентинецот Хозе Пекеран објави дека ја напушти селекторската функција на Колубија, на која беше од 2012 година. Тој успеа да ги однесе Колумбијците на Мундијалот во Бразил во 2014 година, нивниот прв по 16 години пауза.

Таму јужноамериканската селекција беше една од најпријатните изненадувања, па испадна во четврфиналето каде што загуби од домаќинот Бразил.

Колумбија и на Светското првенство во Русија повторно успеа да се пласира во нокаут фазата, но испаднаа веќе во првата фаза од Англија.

Пекеран се споменува како еден од кандидатите за нов селектор во Мексико.