Пакистан тврди дека соборил два индиски авиона и заробил пилот

Пакистанската армија соопшти во средата дека урнала два индиски борбени авиона во воздушното пространство на својата земја.

Авионите на индиските воздухопловни сили ја минале линијата на контрола којашто го дело делот од Кашмир кој е под контрола на Индија од делот кој го контролира Пакистан, соопштичл портапролот на пакистанската војска, Асиф Хатур.

„Еден од авионите паднал во делот од Кашмир под контрола на Пакистан, а другиот во делот кој го окупираше Индија. Војниците заробија еден од пилотите“, објави воениот портпарол на Twitter.

Портпаролот на министерството за надворешни работи Мохамад Фејсал рекол дека пакистанските воздухопловни сили покренале напади за да го покажат „нашето право, желба и способноста за самоодбрана“. „Не сакаме ексалација, но потполно сме подготвени доколку бидеме присилени на тоа“, рекол.

Пакистански официјални лица изјавија, исто така, дека четворица цивили загинале при индиското гранатирање во спорниот регион Кашмир, поради растечките тензии меѓу двата нуклеарно оружени соседи.

Бомбардирањето се случи неколку часа откако Индија започна напади во Пакистан под изговор дека го нападнала логорот на милитантна група, која ја презема одговорноста за неодамнешниот самоубиствен напад врз индиските сили. Се верува дека логорот припаѓа на милитантната група со седиште во Пакистан, таканаречениот Џајш-е-Мохамед (JеМ), кој ја презеде одговорноста за нападот во кој загинаа 44 индиски сили во Пулвама, во Кашмир, на 14-ти февруари.

Во текот на минатата 2017 година најмалку 206 бунтовнички активисти, 78 припадници на индиските безбедносни сили и 57 цивили се убиени во Кашмир, во текот на најсмртоносната година во последните десет години во овој регион.

Хималајската висорамнина Кашмир дефакто е поделена меѓу Индија и Пакистан во 1947 година, по завршувањето на британскиот колонијализам во овој дел од свветот. Двете земји се борат за контрола над регионот, а судирот започна со сепаратистичкиот бунт во индискиот дел.

Во индиската сојузна држава Џаму и Кашмир активни се сепаратистички бунтовници, кои се залагаат за независност на областа Кашмир или за нејзино присоединување на Пакистан. Притоа во Кашмир меѓу Индија и Пакистан војските на двете земји патролираат по линијата на раздвојувањето

Индија и соседен Пакистан досега трипати војуваа меѓу себе од стекнувањето на независноста во 1947 година, од кои две околу Кашмир над кој двете земји сакаат целосна контрола, и редовно изведуваат нуклеарни тестирања откако кон крајот на 1990-те официјално станаа нуклеарни земји кои поседуваат и нуклеарен воен персонал.

Двете земји во 2011 година започнаа мировен процес, но тензиите меѓу нив се зголемија последните две години. По ненадејната посета на Моди на Пакистан на почетокот од 2016 година, двете земји одлучија да започнат дијалог за решавање на спорните прашања.