Пакистан во хаос, исламистите сакаат да ja убијат христијанката која богохулеше

Животот во Пакистан веќе три дена е парализиран поради протестите на исламистичката група против одлуката на Врховниот суд да ја ослободи христијанката која беше осудена на смрт поради богохулење.

Училиштата, канцелариите и продавниците беа затворени, а сообраќајот беше слаб бидејќи демонстрантите ги блокираа автопатиштата и железниците во големите градови.

Напорите на владата да преговара со пакистанските водачи на Техрик-Лабак (ТЛП), исламистичка група одговорна за протестите, со цел да ја смири ситуацијата завршија безуспешно во петокот вечер.

Протестите почнаа во средата откако тројца судии донесоа пресуда за ослободување на Азија Биби, христијанка осудена на смрт во 2010 година.

Нема официјални вести за тоа каде се наоѓа Биби, но извештаите во локалните медиуми укажуваат дека таа можеби го напуштила Пакистан од безбедносни причини.

Нема да прекинеме со протестите сè додека судиите кои ја укинаа смртната казна не бидат сменети, а Азија Биби обесена, им кажа Ризви, водачот на ТЛП,  на поддржувачите во Лахоре на источниот дел на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.