Пакистански суд ја поништи смртната пресуда за поранешниот претседател Мушараф

Пакистански суд ја поништи во понеделникот смртната казна пресудена во отсуство за поранешниот претседател и генерал Первез Мушараф со образложението дека специјалниот суд кој ја водеше постапката и ја изрече пресудата е неуставен, објави судски извор.

„Поднесувањето на тужбата, воспоставувањето на судот, изборот на обвинителите беа противзаконски…. Целата судска постапка се поништува“, изјави државниот правобранител Иштиак Кан, кој ја застапува владата пред Високиот суд во Лахоре..

Судот сега може да одреди ново судење за поранешниот шеф на државата кој беше обвинет и за други кривични дела, меѓу кои и за убиството на поранешната пакистанска премиерк Беназир Буто, и истакнатиот племенски лидер во југозападната пакистанска покраина Балучистан.

Специјалниот суд на 17-ти декември во отсуство го осуди Мушараф на смрт „поради високо предавство“, бидејќи воведе вонредна состојба во земјата во 2007 година.

Бруталните изрази користени во пресудата „доколку биде пронајден мртов, неговото тело ќе биде одвлечено до Исламабад и таму ќе виси три дена“, предизвикаа остра полемика во земјата и гнев од војската којашто владеше со Пакистан половината од историјата на оваа земја откако стана независна. Генералите владеја со Пакистан речиси половина од постоењето на оваа земја од прогласувањето на независноста од Велика Британија во 1947 година.

Таквата пресуда е „неуставна, спротивна на етиката и незаконска е“, рел главниот државен правобранител Ансар Мансур Кан, кој го именуваше владата.

Первез Мушараф живее во егзил во Дубаи од каде преку видео-врска од болничка постела ја коментираше пресудата. Видно ослабен и зборувајќи тешко, Мушараф рече дека судската пресуда против него била мотивирана од „лична одмазда“.

Пакистан има долга историја на воени удари, кога воените диктатори ги обвинуваа избраните влади дека ги предизвикале ваквите интервенции. Мушараф, имајќи предвид дека не е во земјата можеби и нема да се соочи со казната, но аналитичарите веруваа дека пресудата барем ќе ги обесхрабри можните идни обиди за пучеви.

Мушараф беше централна фигура на пакистанската политика откако на власт дојде со државен удар без жртви во октомври 1999 година. Во јуни 2001 година се прогласи за престедател и победи во 2002 година на спорниот референдум. Соочен со исламистичкиот тероризам во име на одбрана на националното единтво го укина уставот на Пакистан во 2007 година, на што се спротистави Врховниот суд. Беше соборен од власта во 2008 година.

Мушараф важеше за умерен муслиман, кому му беше забележувано дека пие виски, и беше клучниот сојузник на САД во „војната против тероризмот“ по нападите од 11-ти септември 2001 година. Избегнал најмалку три обиди за атентат, кои ги планирала терористичката мрежа Ал Каеда во деветте години од неговото владеење.