Пакистанскиот министер за внатрешни работи ранет во атентат

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Ахсан Икбал во неделата е ранет од огнено оружје додека учествувал на изборен собир неколку месеци пред одржувањето на парламентарните избори, но неговиот живот не е загрозен.

Асим Кан, близок соработник на министерот за внатрешни работи рекол дека Ахсан Икбал е ранет во раката и е пренесен во медицинскиот центар во Лахоре. Напаѓачот, млад маж во дваесеттите години идентификуван како извесен Абди е уапсен, додал Кан.

Нападот бил изведен кога Икбал, претставник на владејачката партија Пакистанска муслиманска лига (PMNL) учествувал на предизборен собир во округот Наровал.

Политичката групација PMNL минува низ криза откако Врховниот суд на Пакистан во јули 2017 година поради корупција го отстрани од должноста поранешниот премиер Наваз Шариф, кому од тогаш му е забрането да ја води партијата, којашто токму тој ја основаше. Забрането му е и да учествува на избори, па се смета дека Икбал е најверојатниот наследник на Шариф.

Влијателниот клан Шариф ги отфрла сите обвинувања за малверзации и тврди дека Наваз Шариф е жртва на заговор зад кој стои моќната пакистанска армија.

Водечки партии на изборите се PMNL и PTI, којашто ја води поранешниот првак во крикет Имран Кан.

Премиерот Шахид Качан Абаси и Имран Кан, како и Билавал Буто, син на поранешната премиерка Бенази Али Буто, убиена во 2007 година исто така на предизборен собир. Политичарите сметаат дека со овој атентата се сака да се ослаби демократијата во Пакистан.