Пакистанскиот премиер разговараше со Трамп за Кашмир

Премиерот на Пакистан Имран Кан, телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата во индискиот дел на Кашмир.

Министерот за надворешни работи Шах Махмуд Куреши потврди дека премиерот Кан изразил загриженост дека ситуацијата во Кашмир претставува закана во регионот.

Како што рече Куреши, разговорот на Кан со Трамп е дел од неговите напори да ги информира светските лидери за случувањата во Кашмир, регионот чии делови од територија припаѓаат и на Индија и на Пакистан.

Телефонскиот разговор се одвивал непосредно пред денешниот состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Кашмир.

Кан не соопштил кој е ставот на Трамп.