Пакистанските лекари починати од коронавирусот ќе добијат статус на „маченици за верата“

Пакистанските медицински работници кои починаа како резултат на инфицирање со новиот тип коронавирус во напорите за справување со респираторната болест Covid-19 којашто ја предизвикува, ќе го добијат статусот на шахиди (маченици за верата), изјави во вторникот специјалниот советник на министерот за здравство, Зафар Мирза, пренесе Radio Pakistan.

„Пакистанската влада многу сериозно се однисува кон зачувувањето на здравјето и безбедноста на медицинските работници кои се борат со Covid-19. Министерскиот кабинет донесе одлука медицинските работници кои ги дадода своите животи во борбата со коронавирусот да го добијат статусот на шахиди“, рече Мирза.

Специјалниот советни во пакистанското министерство за здравство одговарајќи на новинарско прашање истакна дека пакетот помош за семејствата на починатиот во пандемијата медицински персонал ќе добијат од 3 до 10 милиони рупии, односно од 18.600 до 62.100 американски долари, во зависноста од должностите кои ги имал медицинскиот работник.

„Програмата за помош ќе започне да функционира во регионот на главниот град Исламабад, во Гилгит-Балтистан и Џаму и Кашмир“, додаде Мирза.

Ширум Пакистан повеќе од 150 лекари и медицински сестри се заразени во моментов со коронавирусот. Пакистанските здравствени работници редовно се жалат на надлежните институции поради недостиг од опрема за лична заштита во болниците. На почетокот од април околу 50 лекари беа приведени во градот Квета поради неодобрен протест, предизвикна од недостигот на заштитни очила за медицинскиот персонал во болниците во истоимената покраина.

Според податоците објавени на владиниот портал посветен на коронавирусот, во моментов во Пакистан, со над 212 милиони речиси целосно муслиманско насление, регистрирани се 14.514 случаи на зараза со коронавирусот, од нив 3.233 пациенти оздравеле, а починале 312 луѓе. Поради пандемијата на коронавирусот, пакистанскит власти ги затворија границите и ги прекинаа меѓународниот воздушен сообраќај, а во земјата на сила е мерката за самоизолација.короанвирус

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.