Пако Алкасер повторно стрелец за Борусија Д

Водечката Борусија Дортмунд во саботата во 15-то коло од Бундеслигата го совлада Вердер со 2:1, а стрелец повторно беше Пако Алкасер.

Алкасер ова лето дојде од Барселона и во 11 натпревари постигна 12 голови, иако главно во игра влегуваше како резервен играч.

Шпанскиот напаѓач, кој главно беше ткн џокер од клупата, овојпат беше во почетниот состав на Борусија Дортмунд и погоди веќе во 19 минута. На 2:0 зголеми Марко Ројс во 27 минута, а утешниот погодок за гостите од Бремен го постигна Макс Крузе во 35 минута.

Борусија од Дортмунд е на чело на Бундеслигата со 39 бодови, девет повеќе од вторпласираниот истоимен клуб но од Менхенгладбах и од актуелниот шампион Баерн Минхен. Вердер, пак, е деветти со 21 бод.

Претходно Борусија Менхенгладбах одигра без голови со Хофенхајм, кој се одржува на шестата позиција со 23 бода.

Штутгарт ја победи Херта со 2:1, а двата гола ги постигна за победникот поранешниот германски репрезентативец 33-годишниот Марио Гомез, во 64 и 76 минута, иако гостите поведоа во 38 минута преку Максимилијан Мителштад. Штутгарт е на 15-та позиција со 14 бодови, три бода од местата кои водат во понизок ранг, а Херта сега е седма со 23 бодови.

Баерн Минхен ја постигна третата последователна победа во првенството, што навестува дека Баварците излегуваат од кризата. Тие „се истурија“ на гостувањето кај фенерџијата Хановер, а стрелци беа Кимих го 2, Алаба во 29, Гнабрија во 53 и Левандовски 62 минута.

Аугсбург и Шалке ги поделија бодовите со головите на Мајкл Грегоритш во 13 за домашните и Даниел Калигуири во 52 минута за гостите. Аугсбург е 14-ти со исто толку бодови, а Шалке е место погоре на табелата со бод повеќе.

За Фортуна од Диселдорф двоен стрелец во победата над Фрајбург, во 55 и 79 минута беше Каан Ајхан. Домаќините се на 16-то место со 12 бодови, додека гостите се 12-ти со 17 бодови.

Претходно во петокот во првиот натпревар од 15-то коло на германското фудбалско првенство, Волфсбург на гостувањето кај Нирнеберг славеше со 2:0 (0:0). Водечкиот гол за гостите го постигна Даниел Гинжек во 58 минута, а Јосип Брекало во последната минута од судиското продолжение реализираше брз противнапад за конечно славје на Болфсбург.

Со третта победа во последните четири дуели Волфсбург дојде до 22 бодови и до осмото место на табелата. Нирнберг, пак, го впиша осмиот пораз од почетокот на првенството и е на 16-то место со само 11 бодови, а зад него се само Хановер со 10 и Фортуна Диселдорф со 9 бодови.

Во недела се среќаваат Лајпциг – Мајнц и Ајнтрахт – Баер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.