Пакуета нов член на Милан

Талентираниот 21-годишен бразилски играч од средниот ред Лукаш Пакуета, е нов член на италијанскиот фудбалски великан Милан.

Досегашниот член на Фламенго потпишал договор со Милан на пет години, а на „росонерите“ ќе им се приклучи на почетокот од јануари, кога ќе започне зимскиот преоден рок. Според пишувањата на бразилските медиуми, Фламенго за овој трансфер ќе добие отштета од 35 милиони евра.

Младиот Бразилец веќе го нарекоа новиот Кака, според познатиот негов сонародник кој своевремено ги бранеше боите и на миланскиот клуб, а за неговите услуги голем интерес покажа и францускиот шампион Пари Сен Жермен. Пакуета играше за сите помлади бразилски селекции, а беше и на поширокиот список кандидати за светското првенство во Русија ова лето.