Палестинци истрелаа ракета врз Израел, но ја погодија Газа

432

Ракета истрелана врз Израел од Појасот Газа погоди станбена зграда во тој палестински регион, изјави неименуван израелски претставник.

Тоа е 16 ракета истрелана врз јужен Израел откако американскиот претседател Доналд Трамп пред десет дена соопшти дека го признава Ерусалим како главен град на Израел. Тоа воедно е и најголем број на ракети истрелани во толку краток рок од последната војна помеѓу израелската армија и исламстичкиот радикален Хамас, кој владее во Појасот Газа од летото во 2014 година.

Од 6 декември кога Трамп ја соопшти одлуката за Ерусалим, 12 ракети беа истрелани на подрачјето на пустината Негев, јужен Израел. Уште најмалку три ракети експлодираа во палестинските територии, пред вечерашната ракета.

Како одговор на ракетните напади израелското военовоздухопловство изврши напади во кои загинаа двајца Палестинци. За време на демонстрациите против одликата на Трамп на границата со Израел, загинаа уште четворица Палестинци.

Немири вчера имаше и во другата палестинска територија Западен Брег, каде беа убиени двајца Палестинци, а десетици беа повредени.

Протести имаше и во анектираниот Источен Ерусалим, кој според Палестинците треба да биде седиште на идната независна држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.