Палестинците во средата, 15-ти мај, го одбележуваат Денот на Накба, сеќавајќи се на протерувањето на повеќе од 700.000 Палестинци за време на војната во 1948 година што доведе до формирање на израелската држава.
Палестинците го одбележуваат Денот на Никба, во слободен преводи Денот на големата катастрофа, кој го симболизира страдањето, прогонот и масовното раселување на стотици илјади Палестинци од 1948 година, кога на денешниот ден е прогласена Државата Израел на териториите на кои претходно се населуваа Палестинците.
Централниот настан оваа година ќе се одржи во градот Рамала на Западниот брег, каде сирените ќе се огласат 76 секунди за да се одбележат 76 години од Накба. Со оглед на ситуацијата во Појасот Газа, набљудувачите предвидуваат судири со израелските сили на Западниот брег.
Обединетите нации проценуваат дека бројот на палестински бегалци и нивните потомци во моментов е околу шест милиони. Воспоставувањето на постојан дом за бегалците и статусот на градот Ерусалим се сметаат за едни од најкомплексните прашања во израелско-палестинскиот конфликт.
Според Палестинското биро за статистика, во светот има околу 14 милиони Палестинци, а половина од нив живеат на Западниот брег, Источен Ерусалим, Појасот Газа и Израел. Арапите сочинуваат околу 20 отсто од населението на Израел, кој е дом на речиси 10 милиони луѓе.