Палестинците одбележуваат 31 година од Декларацијата за независност

На денешен ден пред 31 година тогашниот палестински лидер Јасер Арафат во Алжир прогласи Декларација за независност на државата Палестина во границите од 1967 и со источен Ерусалим како главен град.

– Во име на Бог и во име на палестинскиот арапски народ, Националниот совет прогласува создавање на држава Палестина, на Палестинска земја со Ерусалим како престолнина, изјави Арафат на 15 ноември 1988 година на состанокот на Палестинскиот национален совет, Палестинскиот парламент во Егзил, што се одржа во главниот град на Алжир.

Декларацијата претставува пресврт во историјата на палестинското движење за национално ослободување, Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и го потврдува палестинското прифаќање на решението две држави како решение за повеќедеценискиот израелско-палестински судир.

– Документот ги наведе араскиот и исламскиот свет како и меѓународната заедница да ја признаат Палестинската држава прогласена во Алжир, објави палестинската новинска агенција (WAFA) по повод годишнината од прогласување на независноста на Палестина.

Меѓународен-правен статус и е признаен во ноември 2012 година по гласањето во Генералното собрание на Обединети нации, кога на Палестина и е доделен статус на држава набљудувач во ОН.

Палестина се состои од две одвоени територијални целини – Појасот Газа и Западен Брег. Двата дела се раздвоени од територијата на Израел. Палестина граничи во Израел, Египет и Јордан.

Иако од страна на ОН е признаена за суверена држава, Палестина само делумно ја контролира својата територија, а има и две спротиставени палестински влади. Со Појасот Газа, што е под контрола на Палестинците, управува Хамас, додека со Западен Брег, што и понатаму е под окупација на Израел, владее Фатах.