Палестинска држава, но Ерусалим останува на Израел, предвидува планот на Трамп

81

Американскиот претседател Доналд Трамп го презентираше својот долгоочекуван мировен план за Блискиот исток. Тој предлага решение со две држави но Ерусалим како целосен и неделив главен град на Израел. Трамп исто така ветува неговиот план не налага раселување или менување територии меѓу Израелците и Палестинците.

На пресконференцијата во Белата куќа, во придружба на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп им порача на Палестинците дека неговиот план можеби е и последната шанса за нив.

Палестинците пак од своја страна веднаш ги отфрлија предлозите на Трамп.

Планот чија подготовка беше држена во тајност се стреми да стави крај на еден од најдолготрајните конфликти во светот и беше изработен под директциите на зетот на американскиот претседател Џеред Кушнер.

Во очекување на објавувањето на планот илјадници Палестинци протестираа во Појасот Газа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.