Палестински тинејџер застрелан во Наблус, експлозии во Ерусалим

Во експлозии во Ерусалим во средата утрото повредени се најмалку 18 луѓе, известија израелски извори, додека претходно палестинските објавија дека 16-годишен Палестинец е смртно застрелан во Наблус, на Западниот брег (на реката Јордан) кој меѓународната заедница го смета за палестинска територија окупирана од Израел во 1967 година во ткн Шестдневна војна.

Две експлозии одекнале во средата утрото на влезот во градот Ерусалим, во близина на Централната автобуска станица и на влезот во квартот Рамот, при што се повредени најмалку 18 лица, пренесува The Jerusalem Post, кој се повикува на извори од израелската служба за итна помош.

Засега не е точна утврдена причината за двете експлозии, но израелската полиција извести дека се чини дека онаа во близина на Централната автобуска станица била предизвикана од бомба поставена во торба во близна на автобус. Каросеријата на автобусот била со бројни дупки, што укажува на дисперзија на шрапнели, според истиот извор,

Втората експлозија одекнала неколку минути подоцна во близина на фреквентна раскрсница во населбата Рамот, во северниот дел од Ерусалим. Полицијата двете експлозии ги третира како координиран напад, а полицискиот началник Коби Шабтаи лично излегол на местата на експлозиите.

Истовремено палестински извори известија дека во вторникот доцна ноќта израелските сили смртно застрелале 16-годишен Палестинец, во текот на судирот во градот Наблус. Израелската војска потврди дека дејствувала во Наблус, наведувајќи дека нејзините припадници се нашле под оган, но не ја потврди смртта на тинејџерот.