Палестинскиот поет Рефаат Аларер загина во бомбардирањето во Газа

Палестинскиот поет Рефаат Аларер, водач на помладата генерација автори во Газа, кој вети дека ќе ја пишува својата историја на англиски, е убиен во израелски напад ноќта кон петокот, соопштија неговите блиски.

„Убиството на Рефаат е трагично, болно и скандалозно. Тоа е огромна загуба“, коментираше неговиот пријател Ахмед Алнаук на платформата Х.

Еден поет е убиен во смртоносни напади во ноќта кон петокот во северниот дел на Појасот Газа, според Министерството за здравство во Газа, кое го води исламистичкото движење Хамас.

„Моето срце е скршено, мојот колега и пријател Рефаат Аларер беше убиен со семејството пред неколку минути“, напиша на Facebook неговиот пријател, поетот од Газа – Мосаб Абу Тоха.

Професорот по англиска литература на Исламскиот универзитет во Газа, Рефаат Аларер беше еден од основачите на проектот „We are not numbers” (Ние не сме бројки), кој ги поврзува авторите од Газа со „ментори“ во странство кои им помагаат да ја оживеат реалноста на палестинските територии во проза на англиски.

Аларер ја објави книгата „Gaza writes back” (Газа пишува наназад), хроники за животот во Газа напишани од млади палестински автори и книгата „Gaza unsilenced“ (Газа незамолчена).

Неколку дена по почетокот на израелската копнена офанзива, Рефаат Аларер одби да го напушти северниот дел на Појасот Газа, кој е епицентарот на конфликтот. Тој објави вирална песна на мрежата X наречена „If I must die“ (Ако морам да умрам) која завршува со зборовите „Нека донесе надеж, нека стане приказна“.

Како одговор на нападот на 7 октомври во кој Хамас дивјачки уби 1.200 луѓе во Израел и зеде околу 240 луѓе како заложници, Израел спроведува масовна бомбардирање за да го „избрише Хамас“, кој и Израел и САД и Европската унија го сметаат за терористички организација.

Во двата месеци од војната, според податоците на Министерството за здравство на Хамас, биле убиени повеќе од 17.000 Палестинци, главно жени, деца и млади луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.