Палестинскиот премиер: Да се укине блокадата на Газа

Палестинскиот премир Рами Хамдала денеска изјавил дека укинувањето на економската блокада на појасот Газа мора да биде дел од секој договор за прекин на огнот, оценувајќи дека е време да престане блокадата на оваа територија покрај крајбрежјето на Средоземното море.

Тој тоа го рекол во текот на посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на Заоадното крајбрежје во момент кога расте бројот на жртви и на едната и на другата страна.

Бан Ки-мн и државниот секретар на САД Џон Кери допатувале во регионот да придонесат за завршување на непријателството.

Тие повикале итно да се прекинат борбите и двете страни да се позабават со корените на судирот.

Премиерот на новата палестинска влада на единството, која го поддржува исламистичкиот Хамас и секуларниот  Фатах, оцени дека дошло време да се прекина сиклусот на патење на Палестинците.

„Бараме правда за нашиот народ“, рекол Хамдалах, истакнувајќи дека е „време оваа агресија да престане и опсадата да престане“.

Економската блокада на појасот Газа воведена е во средината на 2007 година кога Хамас по пат на сила ја превзема власта од ривалскиот Фатах.

Дене е соопштено дека бројот на загинатите Палестинци од почетокот на израелската офанзива од 8-ми јули на појасот Газа достигнал 639, а бројот на ранети надминал 4000.

Поголемиот дел од загинатите се цивили, вклучувајќи десетина деца, судејќи според податоците од ОН. Израелската војска тврди дека се убиени најмалку 170 екстремисти. На израелската страна загинале 29 војници и двајца цивили.

Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека повеќе од 118330 Палестинци побарале заштита во нејзините прибежишта.