Палевски: Раководството на СДСМ има сериозна одговорност

Сите членови на Извршниот Одбор на СДСМ имаат сериозна одговорност што молчат додека сето ова се случува, изјави за Радио Слободна Македонија, поранешниот прв човек на градската конференција на СДСМ, Љупчо Палевски.

Вели дека во овие моменти кога за формирање влада се разговара за системски, односно тектонски пореметувања, според Палевски носат и одговорност, а не само бенефит.

– Таа одговорност ќе видиме кога ќе се сноси, дури тоа може да биде некое ново ВМРО-ДПМНЕ, или некој нов СДСМ. Меѓутоа, на еден ваков начин, договорање за промена на систем на уредување на една држава е сериозна одговорност, како политичка, така и кривична, посочи Палевски.

Според него, Тоа што во моментот се случува е една сериозна работа, а СДСМ смета дека со дебата на телевизија, тоа сега ќе биде оправдано.

Палевски истакна дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев има систем на бизнис компании во Струмица кои работат со буџетот на Општината, меѓутоа, како што вели, тие бизниси сака да ги имплементира и на ниво на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.