Палмеирас на чекор до финалето во Копа либертадорес

Во првиот натпревар од полуфуналето на јужноамериканското елитно фудбалско натпреварување Копа либертадорес, аргенинскиот претставник Ривер Плата синоќа на свој терен во Буенос Аирес беше поразен од бразилски Палеирас со 0:3.

Стрелци за госите беа Рони во 27, Луиз Адријано во 47 и Матиас Виња во 62 минута. Ривер Плата од 60 минута играше со играч помалку, бидејќи беше исклучен играчот од средниот ред Хорхе Караскал.

Реванш натпреварот е закажан за 12-ти јануари во Сао Паоло.

Во второт полуфинале во средата, во 23,15 часот по македонско време, ќе се одигра втората аргентинско-бразилска пресметка, во која Бока Јуниорс го пречекува Сантос. Реваншот од овој дуел ќе се игра на 13-ти јануари.

Финалниот натпревар ќе се игра на 30-ти јануари во Рио де Жанеиро, на легендарниот стадион „Маракана“, но овојпат без присуство на навивачите.