Палмер: Решавањето на случајот „Рекет“ е клучно за почеток на преговорите со ЕУ

Американскиот заменик помошник државен секретар, Метју Палмер, во интервју за Гласот на Америка на српски јазик вели дека без решение за истрагата за случајот „Рекет“ во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, може да се поткопаат изгледите на Македонија за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

„Ова се сериозни обвинувања и таквите сериозни обвинувања бараат сериозен одговор. Ние поддржуваме целосна, темелна и транспарентна истрага на овие обвиненија и, ако има докази, и соодветно обвинение. Ова е навистина можност за властите во Северна Македонија да демонстрираат почитување на владеење на правото“, вели Палмер.

Освен решавањето на случајот „Рекет“, според него важно е и донесувањето на Законот за јавното обвинителство.