Панама ги прекина врските со Тајван, ги воспостави со Кина

155

Панама одлучи да ги прекине дипломатските односи со Тајван и да ги воспостави со Кина, соопштија Панама и Пекинг во заедничко соопштение.

„Имајќи ги предвид интересите и желбите на двата народа, Република Панама и Народна Република Кина се одлучија од денот на потпишувњето на ова соопштение меѓусебно да се признаат и воспостават дипломатски односи на амбасдорско ниво“, се истакнува во соопштението објвено во Панама.

Владата на Панама „признава само една Кина, со Тајван како составен дел од кинеската територија“, се истакнува во соопштението.

„Панама од денеска ги прекинува односите со Тајван и се обврзува дека ќе ги прекине сите официјални односи и контакти со него“, се додава во соопштението објавено во понеделникот по локално време.

Истовремено панамаскиот претседател Хуан Карлос Варела во своето обраќање им објави на „земјата и светот“ дека „Панама и Народна Република Кина од денеска воспоставуваат дипломатски врски“.

Кина е вториот најважен корисник на Панамскиот канал по САД, Кина минатата 2016 година низ овој премин меѓу океаните превезла 38 милиони тони товар, што претставува 18,9 отсто од сообраќајот преку овој пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.