Панчевски: Покрај прислушувани, обвинителите биле и следени

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, најави нов скандал поврзан со обвинителите од ОЈО.

„Нов скандал ќе го стресе обвинителството! Обвинителите не само што биле слушани туку било следено и снимано нивното движење со видео надзор, никој нели не го провери ова??? Го прашал ли некој Јовевски за ова???“, напиша Панчевски на својот твитер профил.

 

Снимањето на разговорите од телефоните поставени во новата зградата на обвинителството се одвивало најмалку две години, претходно откри државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Првиот снимен разговор на двата хард диска пронајдени во склоп на телефонската централа е од 30-ти септември 2016 година и за случајот е отворена предистражна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.