Панчев: Македонија може да изненади, само фудбалерите мора да бидат опуштени

Дарко Панчев, еден од најдобрите македонски играчи во историјата на Македонија, смета дека нашата репрезентација не треба да се задоволи само со учество на Европското првенство.

Нашта репрезентација е во Групата Ц со репрезентациите на Холандија, Австрија и Украина.

„Не е тоа некоја претерано силна група. Можеме да направиме едно убаво изненадување. Холандија е единствена репрезентација од екстра класа. Со Австрија и Украина апсолутно може да се игра. Ова е одлична шанса на Европа да ѝ демонстрираме висок квалитет. Немаме што да изгубиме и така никој од нас ништо не очекува“, смета Панчев.

Како главен квалитет на Македонија, Панчев го гледа големиот квалитет во средниот ред.

„Тука имаме четири одлични играчи. Ги предводи Адеми, кој е капитен во Динамо Загреб, Тука се уште Барди, Алиоски и Елиф Елмас од Наполи, кој е еден од најголемите таленти на овие простори. Со сите можат да се надигруваат“, вели Панчев.

Еден од најдобрите напаѓачи не само во Македонија, туку и на овие простори во историјата, имаше шанса во дресот на Југославија до почувствува како е да се игра на големо натпреварување, поточно на Светксото првенство во 1990 година во Италија.

„Тоа е незаборавно искуство. Можам да им порачам на нашите играчи да уживаат во секој момент. Само ако се опуштени, ќе можат да се покажат во вистинско светло“, истакна Панчев