Панчев: Вчера беше ден за уживање, ова е најголемиот успех на Македонија

Прославениот југословенски фудбалер и еден од најдобрите во историјата на Македонија, Дарко Панчев ја коментираше победата на Србија над Португалија, но и заминувањето на македонската репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.

„Синоќа кажав дека вчера беше ден за уживање во екс-ју фудбалот. Се започна со Хрватска, која имаше тежок натпревар, но успеа да избори пласман на Светското првенство. Потоа Македонија го постигна најголемиот успех кога се квалификуваше за баражот, а шлаг на тортата беше пласманот на Србија“, изјави Панчев.

Поранешниот соиграч на селекторот на српската репрезентација, Драган Стојковиќ Пикси, во утринската програма на Телевизија Курир изјави дека успехот на српската репрезентација не е изненадување за сите оние кои ги следат орлите.