Панчевски: Не потфрлило само СЈО, судија вршeл влијаниe а обвинителството знаело и молчело

319

Во пупка судство се распупија сите работи. И по однос на сведочењето на Лиле Стефанова од СЈО која кажа дека судија се јавувал за конкретен предмет, не ме изненадува и делумно сум на линија со обвинителката Вилма Русковска. Влијание во било кој предмет, па така и во овој со бизнисменот Орце Камчев во врска со предметот Рекет мора да се пријават во судскиот совет, рече Владимир Панчевски поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 во телофонски разговор за емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

Сепак, како што рече Панчевски, судскиот совет е во своевиден хаос и под политичко влијание и не може да се очекува оттаму нешто, но морало да биде известен.

И тука не потфрлило само СЈО, туку и Лиле Стефанова, како и нејзините колеги зошто не го пријавиле до некого, па ни до републичкиот јавен обвинител. Но, тука се гледа и лицемерието на Вилма Русковска, што е одраз на целиот обвинителски систем. Имаме случај во кој судија го користи своето влијание за да некому овозможи повластена состојба, а обвинителскиот систем го става тоа под тепих. Со ова се потврдува колку се длабоки врските на обвинителите и судиите со некои политичари, рече Панчевски.

Укажа и на многу други нејанси моменти, а кои треба да се објаснат и обелоденат.

Нејасно е дали Русковска води предмет да го утврди ова влијание од страна на судија, зошто Стефанова ова го криела и не го пријавила ова, ова е класично помагање на корупција, рече Панчевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.