Панчевски се жали дека не може да подготви одбрана, судии сведочат против него

Судењето на поранешниот претседател на Основниот кривичен суд, Скопје Владимир Панчевски продолжи во Велешкиот основен суд каде обвинетиот рече дека не можел да подготви одбрана, објави Телма.

-Доказите ги видов во петокот кога увидот траеше до 17 часот. Преку викенд не се видов со бранителите. И затоа не сум во можност да ја подготвам одбраната, рече Панчевски, кој на претходното прво рочиште кажа дека не го разбрал обвинението.

По ова судијката Валентина Ѓоргиевска Ѓорѓиевска накратко му го образложи обвинителниот предлог, но Панчевски и покрај тоа не можеше да каже дали се чувствува виновен.

Неговите адвокати повторно бараа да му биде укинат притворот бидејќи имале информации дека тој се уште е вработен во ОС СК 1 и со тоа има имунитет на судија.

Судењето продолжи со сведочење поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Стојанче Рибарев, кој кажа дека повеќемина судии му укажале кога дошол на функција дека некои предмети се давале на рака на судии и дека така била претходната пракса.

-Судиите Весна Димишкова и Славица Андрeева писмено се пожалија дека податоци за нивната работа извлечени од АКМИС системот не соодветствуваат со реалноста, рече Рибарев.

Според него, и судијата Васил Димковски се пожалил дека има случаи кога не се даваат предмети по распоредот на судот.

-И во извештајот на скопскиот апелационен суд било утврдено дека не се делат предмети по Акмис туку по стар ЗКП, сведочеше Рибарев.

Спорд обвинението, Панчевски од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, како претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.