Панчевски во судот во Велес се соочи со експертот кој го одржувал АКМИС

65

Продолжи судењето на екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски во Основниот суд во Велес каде сведоччи Горан Митев, вработен во компанијата која го развивала и одржувала системот АКМИС кој судовите го користат за распределба и водење на судски премети.

Митев рече дека компјутерскиот систем имал можност и за рачна распределба на предметите, ако во моментот немало дежурен судија.

Сведокот потврди дека Панчевски барал дополнително усовршување на системот бидејќи недостасувале критериуми за рапсределба на некои од предметите.

Како што вели, со одлука на претседателот на судот еден предмет може да се прераспределби ако е итен.

Поранешниот претседател на Кривичен е обвинет за злоупотреба на системо. Според обвинението, со негова наредба предмети се распределувале во периодот од 2013 до 2016 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.