Панделевски: Зошто да се спогодувам за „Империја“ кога сум невин

Сопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделевски, обвинет во случајот „Империја“ со прво и последно обраќање кон македонската јавност вели дека не му било својствено во неговата тридецениска кариера како стопанственик јавно да се експонира, а причината за неговото обраќање биле секојдневните прашања од блиски пријатели, но и од луѓе кои не го познаваат.

-Ова е мое прво и последно обраќање кон македонската јавност. Не ми било својствено во мојата три децениска кариера како стопанственик да бидам јавно експонирање. Мојот фокус беше на работата градењето на моите компании и најверојатно најголемиот национален трговски бренд „Пелистерка“ и се разбира здравјето на моето семејство, вели Панделевски.

Како што пишува, причина за обраќањето е секојдневното добивање прашања од блиски пријатели, но и од луѓе кои не ме познаваат.

-Сите тие ме прашуваат: „Добро Цветан, другите двајца Мијалков и Камчев се спогодија со обвинителката Лиле Стефанова си платија признаа вина и завршија со обвинителниот акт зошто ти не го направи тоа?“. Одговорот ќе го дадам пред целата јавност, пишува Панделевски.

Тој додава дека нема за што да се спогодува бидејќи бил невин.

– Затоа што сум невин, немам направено никаков криминал. За што да се спогодувам. Нема да навлегувам во туѓи аргументи, нема да обвинувам други обвинети. Но, бараме јасен одговор од страна на обвинителката Лиле Стефанова. За кое дело од обвинителниот акт сега ќе ме гоните мене, што јас сум направил кога вие со спогодбите кои ги направивте и ги покривте 80% побарувања од вашето обвинение. Еве линк јавно сте го поставиле: https://jorm.gov.mk/postignati-spogodbi-za-del-od-predmetot-imperija/
Овде вие самите сте потпишале спогодба со која сте се договориле. Не разбирал што јас сум сторил?, вели Панделевски.

Тој во обртаќањето до јавноста објаснува дека целиот живот придонесувал во економско општествениот живот во Македонија.

– Сè што сме заработиле сме инвестирале повторно дома, никогаш не сум се соочил со какви било обвиненија кон мене ниту пак недај боже судски процеси до овој момент. Моите години ми даваат за право да го бранам мојот став и немање вина, јас не можам да правам спогодби кога знам дека сум целосно невин, дека конструкцијата во обвинителниот акт на обвинителството е целосно неоснована во правен смисол, и убеден сум дека судот истата ќе ја препознае, напиша Панделевски, и додаде дека врз основа на тоа, идните обвинители ќе имаат можност да учат како не треба да работат.

– За мене правдата значи и слобода, а слободата е право дадено од Господ. Со никакво дејствие на било кој, не може да се одземе неосновано, вели тој.

Панделевски очекува дека Основниот кривичен суд ќе го прифати приговорот на неговиот адвокатски тим и да биде прогласен за невин.