Пандемијата ја зголеми екстремната сиромаштија во светот

Поради пандемијата на коронавирусот бојот на луѓето во светот на коишто име е неопходна хуманитарна помош за да преживеат достигнал нови рекордни показатели, соопштија Обединетите нации во вторникот истакнувајќи дека само за една година драматично се зголемила екстремната сиромаштија.

На едно од 33 лица му е потребна помош за да ги задоволи основните потреби, како што се храна, вода и санитарни услови во 2021 година, што претставува зголемување за дури 40 отсто, објави ОН во својот глобален хуманитарен извештај.

Според оваа процена, значи дека помош ќе им биде потебна на 235 милиони луѓе ширум светот, а најмногу во Сирија, Јемен, Авганистан, Демократска Република Конго и Етиопија, се додава во извештајот.

„На кризата не ѝ се гледа крајот. На буџетот за хуманитарната помош му недостасуваат сѐ повеќе пари што глобалната пандемија го влошува“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Во 2020 година државите во овој буџет уплатиле рекордни 17 милијарди долари за заедничкиот хуманитарен одговор, опфаќајќи 70 отсто од луѓето на кои помошта им е неопходна, што претставува зголемување од 6 отсто во споредба со претходната 2019 година, се неведува во извештајот.

Меѓутоа, од ОН предупредуваат дека собрале помалку од половината од сумата од 35 милијарди долари, потребни за справување со раширената глад во светот, за борбата против сиромаштијата и задржувањето на децата во училиштата и ги повикаа побогатите земји на дополнителни парични придонеси.

„Богатиот свет може сега да ја види светлината на крајот од тунелот. Тоа не важи, пак, за најсиромашните земји“, посочи претставникот на ОН за хуманитарни прашања, Марк Ловок во писмената изјава за медиумите.

Наведува дека државите ширум светот од 1990-те години постојано напредувале во намалувањето на екстремната сиромаштија, кој Светската банка, мултулатералниот заемодавач за развој, го дефинира како живот со 1,90 американски долари или помалку на ден.

Според пресметката на ОН, догодина на едно од 33 лица во светот ќе му биде потребна помош споредено со едно на 45 лица оваа година, што е највисоката бројка со децении наназад.

Со затворањето на училиштата погодени се 9 од 10 ученици ширум светот, а ризикот дека до крајот на 2020 година нема да се вратат во училниците загрозува речиси 24 милиони деца на планетата, наведуваат од ОН.

Имајќи предвид дека пандемијата ги погоди и прехранбените системи, гладта во светот е зголемена и во ОН предвидуваат дека 270 милиони луѓе до крајот на 2020-та нема да имаат сигурен пристап до храната. За прогамите за помош во храна оваа година се потрошени 9 милијарди долари, во однос на 5 милијарди долари во 2015 година, се наведува уште во извештајот.