Пандемијата ги преполовила директните странски вложувања во првата половина од 2020-та во светот

Директните странски вложувања во светот паднале во првата половина од 2020 година за 49 отсто во однос на истиот период претходната 2019 година, а мерките против пандемијата на коронавирусот и стравот од рецесијата најтешко е погодена Европа, покажа во вторникот објавениот извештај на Обединетите нации.

Вкупната вредност на директните странски вложувања во периодот од јануари до јуни потонале на 399 милијарди долари, извести Конференцијата при Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD).

Европските економии во целина забележале нето одлив на странските вложувања првпат откако UNCTAD започна со обајвување на извештаите, и тоа во износ од седум милијарди долари. Во 2019 година привлекле 203 милијарди долари директни инвестиции.

Вложувањата во САД, пак, потонале за 61 отсто, на 51 милијарда долари. Мултинационалните компании ги одложувале вложувањата за да ја сочуваат готовината, појаснуваат во UNCTAD.

„Приливот на странските вложувања е речиси преполовен во првата половина од годината. Падот е подрастичен, но тоа го очекувавме за целата година“, изјави директорот на одделот за вложувања и претпријатија при UNCTAD, Џемс Жан.

Во 2020 година вложувањата би требало да се намалат за 30 до 40 отсто, и за „умерените“ 5 до 10 отсто во 2021 година, додава Жан.

Најтешко се погодени индустријализираните земји, коишто вообичаено сочинуваат околу 80 отсто од глобалните трансакции, а во првите шест месеци од годинава бележеле само 98 милијарди долари вложувања, 75 отсто помалку отколку во 2019-та и најмалку од 1994 година, се истакнува во извештајот.

Меѓу главните инвестициски дестинации во 2019 година најмногу паднале вложувањата во Италија, САД, Бразил и Австралија. Кина не го следела овој тренд, додава Жан.

„Нивниот прилив на директни странски вложувања и натаму е релативен стабилен. Во првата половината од годината падот бил навистина скромен, а всушност кон најновите податоци, директните вложувања во Кина во првите девет месеци пораснале за 2,5 отсто“, додава Жан.

Странските инвеститори најмногу вложувале во кинеските сектори за елекртонско тргување, специјализираните технолошки услуги и истражувањата и развојот, додаде челникот на UNCTAD

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.