Пандемијата и кокаинот, криминалот во Европа кулминира

130

Пандемијата на коронавирусот би можела со години да оди во прилог на организираниот криминал во Европа, кој веќе ја достигнал критичната точка поради незапаметеното криумчарење на кокаин, предупредува Европол во извештајот објавен во понеделникот.

Криминалните мрежи веројатно ќе профитраат од економската криза предизвикана од пандемијата на Covid-19 за да се инфилтрираат во легални претпријатија кои станале ранливи, заклучува европската полициска агенција во извештајот кој го подготвува на секои четири години.

Настојувајќи да профитира на напорите за надминување на здравствената криза во светот, организираните банди нудат, исто така, и лажни вакцини против Covid-19 или лажни комплети за самотестирања, истакнува Европол чие седиште е во Хаг.

„Дојдовме до точката на пукање. Влијанието на животот на граѓаните, на економијата и на правната држава е премногу важно. Ете тоа произлегува од овој извештај“, изјави директорката на Европол, Катерин Де Бол во разговорот за AFP.

„Подолгото траење на пандемијата ќе изврши силен притисок на европската и светската економијата и очекуваната рецесија може да обликува потежок и организаран криминал во годините кои доаѓаат“, се наведува во документот на Европол.

„Криминалците многу лесно се прилагодуваат на пандемијата“, истакна европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон на презентацијата на извештајот одржана во Лусабон, имајќи предвид дека Португалија претседава со Советот на Европска унија.

 

Незапаметени количества кокаин

Европол изразува загриженост и поради зголемувањето на корупцијата поврзана со криумчарењето дроги, имајќи предвид дека „незапаметени количества кокаин“ се криумчари „во ЕУ од Латинска Америка генерирајќи заработка од повеќе милијарди евра“ за криминалните мрежи во овие два региона. Покрај тоа, и чистината на кокаинот е „поголема отколку кога и да е претходно во ЕУ“.

Криумчирањето на кокаинот ги „храни криминалните структури кои се служат со своите големи ресурси за да се инфилтрираат и да ја економијата на ЕУ, јавните институции и општеството“, открива Европол.

Апсењата на криумчарите во важните европски пристаништа, како што се Антверпен, Хамбург и Ротердам, овозможила рекордни заплени на дроги, како што е заплената на пратката од 23 тони кокаин кон крајот на февруари. Дрогата ја запленија тогаш во заедничка операција германската и холандската полиција.

Криумчарањето на дрогите, покрај тоа, е во основата на зголеменото насилство и криминалците „повеќе не стравуваат да користат огнено оружје, гранати и мачење“, вели директорката на Европол.

Здравствената криза која трае повеќе од една година ќе има важно влијание на начин на кој функционираат организираните банди. Претрпијатијата ослабени од кризата предизвикана од пандемијата може да станат лесен плен за оние кои сакаат да ги искористат за илегални активности, на пример, за перење пари.

 

Тргување со лажни вакцини

Епидемијата на коронавирусот отворила и нови можности за искористување на стравот кај луѓето.

„Во почетокот забележивме зголемување на фалсификување на заштитните маски и хидроалкохолниот гел. Сега гледаме зголемување на тргувањето со лажни вакцини и лажни тестови за самотестирање. Тие лажни вакцини се опасност за здравјето. Не треба да се купуваат“, вели Де Бол.

Пандемијата, освен тоа, одела во прилог и на кибернетичкиот криминал, бидејќи рестрикциите во многу земји ги принудија луѓето повеќе да работат и живеат на интернет.

„Клучните инфраструктури и натаму ќе бидат цел на кибернетичкиот криминал во наредните години. Тоа е голем ризик“, истакнува Европол во извештајот.

Кон крајот на јануари година, властите на неколку западни земји, меѓу кои се САД, членки на ЕУ и Украина, објавија дека постигнале голем успех во борбата против кибернетичкиот криминал со акција за којашто велат дека овозможила разбивање на злонамерниот софтвер „Emotet“, смета за „најопасниот на светот“.

Исто така, финансиските измани и сексуалното искористување на малолетниците станале голем проблем кога станува збор виртуелниот криминал. Европол изразува загриженост поради ризикот од „софистицираните напади од големи размери на есенцијалната инфраструктура со цел да се крадат чувствителните податоци“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.