Пандев: Да се посвети поголемо внимание на женскиот фудбал

49

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, на денешната панел дискусијата за родовата еднаквост во фудбалот, побара да се посвети поголемо внимание на женскиот фудбал.

-Долги години сум во Италија. Последните години таму женскиот фудбал оди во нагорна линија. Италијанците женскиот фудбал го гледаат исто како и машкиот фудбал. Многу внимание се посветува на женскиот фудбал. Во Македонија треба да посветиме внимание на инфраструктурата. УЕФА во последно време многу се залага, а тоа треба Фудбалската федерација на Македонија да го искористи за развој на женскиот фудбал. Мене ми е интересно да гледам натпревари од женската лига во Италија. Затоа треба да почнеме од нас, да го смениме менталитетот и да гледаме женски фудбал, изјави Пандев.

Тој на крајот во своето излагање посака еден ден и нашата женска репрезентација да се пласира на едно Европско првенство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.