Пандев: Еден за сите – сите за еден… да живее Македонија

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев испрати емотивна порака пред историскиот меч со Грузија.

Македонија ја дели еден чекор од пласман на Европското првенство, што е сон за цела нација.

Пандев преку Инстаграм испрати емотивна порака и порача да се обединеме сите за Македонија.

„113 натпревари, повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи и радости, понижувања и многу убави и лоши работи за тебе МАКЕДОНИЈО…остана уште 1 чекор до остварување на мојот сон до остварување на сонот на моите колеги, на мојата фамилија, на цела НАЦИЈА… во овие тешки времиња да се обединеме сите заедно и да се обединеме сонот да ни стане реалност, ЕДЕН за СИТЕ – СИТЕ за ЕДЕН… ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА“, порача Пандев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.