Пандев го постигна дебитанскиот гол за Парма (ВИДЕО)

Македонската фудбалска легенда го постигна својот прв гол за Парма на свој втор настап, откако направи неочекуван трансфер од Џенова во јануарскиот преоден рок.

Парма беше подобра од Порденоне со 4:1, а Пандев влезе во второ полувреме и по само 10 минути игра со убав потег на прва, израмни на 1:1.

На 3:1, Пандев се повреди и мораше да биде заменет по само 25 минути поминати на терен.

Пандев за влакно не го даде и вториот гол кој падна по одбиена топка откако голманот едвај му ја фати.